.сите работи започнуваат како мали чекори, мали обиди. ..се додека не се обидеме, никогаш нема да знаеме. креативност секој ден!

Monday, March 5, 2012

:музеј

.
.
:од таванот се
спушта вода. капка по
капка. музеј.
.
.

под.морница

:таван

.
.
:гумени чизми.
отвори го чадорот
таванот тече.
.
.

:подарок

:со.Живот

.
.
:зборувај им на
цвеќињата. живеат од
твоите мисли.
.
.

.пауза

.ѕид

.
.
:се движиме до
ѕидот, растеме со
гласот внатре.
.
.

:меч.та

:микро.фон

.
.
.микрофони на
вистината. пеат без
музика. без ноти.
.
.

.лани

:bad TV

.
.
.море и мравки
по екраните. шушкаат
брановите сини.
.
.

:едно.ставност

.звукологија

.
.
:од далечината
звуци. историјата
се слуша ноќва.
.
.

.едно утро

Friday, February 24, 2012

.почни


.
.

кантички боја.
недостига ли четка?
ѕидот е мирно бел.
.
.

.февруари

:премостувања

.
.
.сензација. зраци
се леат на прозорецот.
премостувања.
.
.

:заборвено сон.це

.кафисимо

.
.
.творечка радост
и утринско кафе. во
битието ден.
.
.

:соба