.сите работи започнуваат како мали чекори, мали обиди. ..се додека не се обидеме, никогаш нема да знаеме. креативност секој ден!

Friday, February 24, 2012

.почни


.
.

кантички боја.
недостига ли четка?
ѕидот е мирно бел.
.
.

.февруари

:премостувања

.
.
.сензација. зраци
се леат на прозорецот.
премостувања.
.
.

:заборвено сон.це

.кафисимо

.
.
.творечка радост
и утринско кафе. во
битието ден.
.
.

:соба

.лисја

.
.
резонанса на
допирите. лисјата
блиску живеат.
.
.

.дожд

.топење

.
.
..или визуелни
потези на денот. како
ерупција. топење.
.
.

:виори ноќта

.приказни

.
.
:се цедат како
пресни овошја јадени
од мали деца.
.
.

.историја

.бродови

.
.
.одговори пловат
во морето на желбите.
бродови сме ние.
.
.

:прав

.свет

.
.
:во апстракција се
губи нашата лирика.
имагинарен свет.
.
.

:снег.от

:ритам

.
.
:внатрешен ритам
прави жариштата да
горат. темперамент.
.
.

.заборав

:лет

.
.
.нескротлив е
Духот. постојано во лет
за сеќавања.
.
.

:ѕвезди

.таа

.
.
.беше привилегирана.
во косата секогаш
носеше живот.
.
.

:возови

.вибрација

.
.
:замислено е
вибрирањето. чека
ослободување.
.
.

.порта

.дрво

.
.
:можеби нема
сите плодови да паднат,
остави за гранката.
.
.

:оџаци

:куче

.
.
последен пат се
заврте, погледна. ..сјај во
кучешките очи.
.
.

.скршени школки

.сила

.
.
:секогаш со ѕид
прескокни го, сонувај
за нас заедно.
.
.

.молк

.проѕирност

.
.
.пијаното свири
заборавени ноти,
невидлива слика.
.
.

:разминување

.умереност

.
.
:оформување. .. како
надеж. моделирање
тивка умереност.
.
.

.таму

.пакт

.
.
.договор со себе..
- пилето поубаво пее
кога стои на дрво.
.
.

:весник

:море

.
.
.искреност и тага.
се раѓаат нови мисли
во мирно море.
.
.

.цвет

.лак

.
.
:непредвидливо.
под месечината има
виножито. спие.
.
.

:мебел

:сонца

.
.
На сцената има
Сонца. Светат како
Изгубен сон.
.
.

.хотел `инсект